20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКако да се препознае лажен HTC One!

Како да се препознае лажен HTC One!

htc-one-fake-1

Пазарот на лажни уреди, или подобро речено копии, е добар показател колку некој уред е популарен. Па поради тоа и се појавија голем број „клонови“ на телефоните „iPhone“ и „Galaxy“ во Кина, а сега се појави и еден „клон“ на паметниот телефон „HTC One“.

Тоа што има идентично со оргиналната верзија е 4.7 инчниот екран, има иста закривена задна страна, „micro-SIM slot“ како и распоредот на тастерите.

htc-one-fake-2

Копијата пред се може да се препознае по тоа што пристигнува со резолуција 1280 x 720, наместо 1920 x 1080, a исто така може да се забележи дека покрај присуството на двете мрежички за звучници, копијата има само еден звучник.

Треба да се истакне дека голема е разликата во процесорот, затоа што лажниот „HTC One“ доаѓа со „MediaTek 1,2 GHz quad-core MT6589 SoC“, додека вистинскиот има „Snapdragon 600“. Исто така разлика има и во батеријата, копијата има од 1600mAh, но има и помала интерна меморија и камера која не е „UltraPixel“.

htc-one-fake-3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП