20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина: БДП во вториот квартал изнесува 7,5 проценти

Кина: БДП во вториот квартал изнесува 7,5 проценти

kina2

Кинескиот бруто домашен производ (БДП) во вториот квартал од оваа година се зголемил на 7,5 проценти во однос на истиот период минатата година, соопшти државниот Завод за статистика.

Но, во однос на првиот квартал од оваа година, тоа е пад од 0,2 проценти.

Во првата половина од годината, БДП на Кина се зголеми на 7,6 проценти во споредба со иситиот период од минатата година, и изнесува 24,8 трилиони јуани (околу 4 трилиони американски долари).

Според проекциите во март, Кина планира раст на просечната годишна стапка од 7,5 проценти на годишно ниво.

Минатата година растот изнесуваше 7,8 проценти, што беше најбавниот раст од 1999 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП