28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАРаботи кои постојат благодарејќи на Linux

Работи кои постојат благодарејќи на Linux

linux

„Apple OS“ и „Microsoft Windows“ скоро секогаш се наоѓаат во центарот на вниманието, сепак, бесплатниот „Оpen Source Linux“ тивко си ја работи својата работа и се грижи за изненадувачкиот број секојдневни, но и необични работи.

Џим Землин, извршниот директор на „Linux“ фондацијата, тврди дека луѓето секојдневно го користат „Linux“, но за тоа не знаат.

„ „Linux“ го користат контролите за летање, банките и нуклеарните подморници. Вашиот живот, пари и смрт се наоѓаат во рацете на „Linux“. Тоа е неверојатно колку „Linux“ ни е важен“, изјавил Землин.

Погледнете каде се може да се најде „Linux“:

– „Android“ телефоните и таблетите започнаа со „Linux“. Најпопуларниот оперативен систем за мобилните уреди го користи „Linux“ како своја основа.

– „Linux“ се користи во најголемиот број светски суперкомпјутери.

– „Linux“ се грижи за брзите возови во Јапонија. Секогаш кога воз во Јапонија ќе пристигне или замине од станицата зад него се наоѓа „Linux“.

– „Linux“ ги подржува контролите на летање.

– „Toyota“ користи „Linux“ за нејзините автомобили да бидат попаметни. Системите за забава и комуникација во возилата на „Toyotа“  користат „Linux“.

– Една од најпознатите берзи во светот, Њујоршката, користи „Linux“. На финансиските титани им беше потребен сигурен софтвер, па така берзата се потпра на „Linux“ од 2007-та година.

– „Linux“ и помага на физиката. Најголемата лабораторија за физика „CERN“ го користи токму овој оперативен систем.

– На нуклеарните подморници им е потребен „Linux“. „Lockheed Martin“ во 2004-та година и испорача на војската на САД подморници кои користат „Red Hat Linux“.

– „Google“, „Amazon“ и „Facebook“ користат „Linux“ за бројни веб и „cloud“ сервиси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП