24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕБОР предвидува раст на македонската економија

ЕБОР предвидува раст на македонската економија

ebor2

Најновата прогноза на Европската банка за развој за растот на македонската економија годинава е 1,8 проценти.

Според најновиот извештај, ЕБРД предвидува раст на БДП за 2013 година во Хрватска и Црна Гора 0,8 проценти, Бугарија 1,9 проценти, Албанија 2 проценти, Србија 2,1, Косово три проценти. Прогнозата за целиот регион е дека економијата ќе има раст од 1,5 проценти, а растот за европската економија е 1,2 проценти.

Во извештајот се наведува дека Македонија во 2012 година беше под значајно влијание на кризата во еврозоната која резултираше со намалена побарувачка за извоз и доведе до пад на инвестициите и дознаките од странство. Посочува дека е можен умерен напредок или раст во 2013.

За економијата во регионот на Југоисточна Европа посочува дека останува значајно под влијание на случувањата во еврозоната која е главен пазар на нивниот извоз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП