18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПотврдена решеноста на „Сахара Груп“ да инвестира во Македонија

Потврдена решеноста на „Сахара Груп“ да инвестира во Македонија

roj

Потврдена е решеноста и способноста на индиската компанија „Сахара Индија Паривар“ да го реализираат проектот во Македонија во делот на туризмот односно проектот во Љубаништа, со сите сегменти што ги содржи, изјави вицепремиерот и министер за финасии Зоран Ставрески по неколкучасовна средба вчера со менаџерскиот тим на компанијата.

Тој истакна дека е разговарано и за други потенцијални проекти што се речиси извесни, дел во земјоделството, во филмската индустрија и во други области. – Се работи за повеќе комплексни проекти што опфаќаат повеќе аспекти.

Успеавме да рачистиме дел од дилемите, да се договорме околу некои работи, рече Ставрески. Тој изрази задоволство што на средбата е потврдена подготвеноста како од македонска, така и од страна на инвеститорот, за соработка и дека веќе се формирани експертски тимови што ќе го движат процесот напред.

– Се надеваме дека во текот на следната година ќе се реализирааат градбите кои ќе овозможат нови работни места, нови инвестиции, како за граѓаните на Охрид, така и пошироко во Република Македонија, истакна Ставрески.

За барањето на индиската компанија за дополнително земјиште во Љубаништа што би било наменето за сместувачки капацитети за персоналот ангажиран во комплексот, Ставрески истакна дека на денешниот состанок било утврдено проектот „Сахаријан Македонија“ да се реализира во рамки на првичната проекција.

– Архитектите утврдија дека нема потреба од дополнително земјиште за тој проект односно дека во рамки на првично предвиденото може да се акомодира она што е замислено, и на тој начин ќе се реализира самиот проект, рече Ставрески.

Тој нагласи дека престојат доста работи што треба да се завршат, како од аспект на урбаното планирање, на експропријација, договори со сопствениците на земјиште, тендерирање со запазени сите аспекти на транспарентност на процесот, еколошка заштита и слично.

– Очекувањата наши и нивни се дека некаде до средината на идната година би можело да се започне со градба и да се реализирааат дел од предвидените активности отаму што се работи за голем и значаен проект чија реализација ќе се спроведува во подолг временски период.

Но, значајно е истиот да отпочне и со сигурност можеме да очекуваме идната година да почне неговата реализација, истакна вицепремиерот.

Во врска со делот од земјиштето во Љубаништа што е во сопственост на Македонската Православна Црква, Ставрески рече дека досега немале официјални разговори со МПЦ, бидејќи се чекало да се утврдат конечните граници на опфатот на земјиштето за кое е заинтересиран инвеститорот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП