Откако интересот за новите генерации на конзоли ги надмина сите очекувања, „Amazon“ потврди дека планираните залихи на „PlayStation 4“ и „Xbox One“ веќе се резервирани и поради тоа заинтересираните купувачи своите конзоли најверојатно ќе треба да ги почекаат.
„По лудиот и возбудлив месец ги распродадовме планираните залихи на „PlayStation 4“ и „Xbox One“. Конзолите и натаму може да се нарачуваат, но неможеме да гарантираме кога ќе ги испорачаме“, беше објавено во соопштението на „Amazon“.
Слични објави во текот на минатата недела пристигнаа и од „GameStop“ и „Best Buy“ кои исто така потврдија дека планираните залихи на новите генерации на конзоли биле продадени побрзо од очекуваното.