20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCandy Crush носи дневни приходи од 633.000 долари

Candy Crush носи дневни приходи од 633.000 долари

king

Компанијата „King“, која е одговорна за „Candy Crush Saga“, една од најпопуларните интернет игри за моментов, објави профит од 633.000 долари на ден. Сето тоа се должи единствено на неочекуваниот успех на интернет играта.

„Candy Crush Saga“ привлекла над 45 милиони корисници кои се вклучуваат во играта околу 600 милиони пати на ден. Апликацијата во моментот го држи рекордот за најмногу влечена игра за „Android“ и „Apple“ уредите, како и за мобилна апликација со најголеми приходи. Таа има и верзија на „Facebook“. Прогонозите се „King“ да реализира над 230 милиони долари во приходи од „Candy Crush“ оваа година.

„Candy Crush“ го користи се повеќе популарниот „freemium“ бизнис модел за видео игри. Самата игра е бесплатна, но вклучува опција за микротрансакции од редот на 1 или 2 долари, кои помагаат да се унапредува побрзо во нивоата. Со тоа играчите добиваат бонуси како повеќе потези за време на играта или дополнителни животи. Според „King“ 70 проценти од играчите не користат платени опции во „Candy Crush“, но компанијата се потпира на останатите 30 проценти за да го достигне ова ниво на приходи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП