23 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНокиа Lumia 1020 со камера од 41 мегапиксели

Нокиа Lumia 1020 со камера од 41 мегапиксели

noki

Сето тоа што го сугерираа досегашните гласини за новиот телефон на Нокиа се покажаа како точни. „Lumia 1020“ е токму тоа што многумина го бараа. Телефон е разултат на заедничката соработка со „Microsoft“, па така тој ќе го користи оперативниот систем „Windows Phone 8“.

Новиот телефон има „AMOLED“ дисплеј од 4.5 инчи, „Snapdragon“ процесор со две јадра со брзина од 1.5GHz, внатрешна меморија од 32GB, 2GB RAM меморија, сепак тоа што го карактеризира овој паметен телефон е „PureView“ камерата од 41 мегапиксели.

Досега најдобрата камера на Нокиа вклучува „Carl Zeiss“ оптики, оптичка стабилизација на слика, ксенон блиц за слики и „LED“ блиц за видео, „Nokia Rich“ снимање видео, „full HD“ 1080p видео поддршка и заден сензор.

Исто така, новите опции „Nokia Pro Camera“ и „Smart Camera“ донесуваат новини во софтверот на серијата на Нокиа – „Lumia“. Овој нов паметен телефон со цена од 300 долари ексклузивно ќе биде пуштена во продажба на 26 јули на територијата на САД.

Финската компанија има во план својот најнов уред  „Lumia 1020“ на европскиот и азискиот пазар да го испорача до крај на овој квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП