19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУсвоена е Годишната програма на АЕК

Усвоена е Годишната програма на АЕК

aek1

Изградбата на деловната зграда и повеќенаменската кула на Водно се дел од капиталните проекти што Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) планира да ги заврши годинава.

Проектите се предвидени во Годишната програма за работа на Агенцијата што денеска беше усвоена од собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија.

Директорот на АЕК, Роберт Ордановски пред пратениците информира дека со цел да се завршат капиталните проекти, намалени се непродуктивните трошоци.

Деловниот објект на АЕК е планирано да биде завршен до половината на годинава, а со изградбата на повеќенаменската кула се очекува да се среди хаосот на Водно со предавателите на операторите, односно тие ќе бидат сместени на едно место, во оваа зграда. Покрај ова, планирана и е набавка на софистицирана мерна опрема со која ќе се мерат сите параметри на мрежите на операторите.

– Со набавката на оваа софистицирана мерна опрема ќе ги имаме сите показатели на мрежите на операторите, а тие ќе имаа должност да ги почитуваат параметрите што им ги зададовме. Мерењата ќе бидат ставени на нашата веб страница www.komuniciraj.mk и секој корисник ќе може да добие информации за квалитетот на мрежата на операторот, појасни Ордановски.

Тој меѓу другото најави и дека од септември цената во бирањето на број во сопствената мрежа и во мрежата на другите оператори ќе биде иста, односно ќе изнесува 1,2 денари.

Предлог-одлуката за одобрување на годишната програма за работата на Агенцијата за пошти за 2013 година беше повлечена од дневниот ред поради немање мислење од Владата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП