23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКросоверот на Јагуар се поблиску до производство

Кросоверот на Јагуар се поблиску до производство

jaguar

Моделот на Јагуар кој ќе ја има ознаката „XQ“ или „Q-Type“ моментално е во напредна фаза на развој, а со тоа и е се поблиску до сериско производство.

Овој кросовер ќе го одликува елегантен дизајн како и предни светла базирани на „F-Type“ и „C“ столбови кои се веќе видени кај моделот „XJ“.

Линијата на мотори засега не е позната, но се претпоставува дека ќе бидат опфатена со 2.0 литарски четирицилиндарски агрегат со турбо полнење кој развива 240ks, т.е. може да се очекува и 340ks 3.0L V6 мотор со супер полнач, како и 2.2L SD4 дизел агрегат.

Кросоверот се очекува да биде понуден и со „C-X75“ хибридниот систем кој користи два електромотори.

Компанијата Јагуар има во план овој кросовер на пазарот да го појави во текот на 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП