29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSamsung гради 300 милиони вредна централа во САД

Samsung гради 300 милиони вредна централа во САД

sasi

„Samsung“ започна со изградбата на нова централа вредна 300 милиони долари во Сан Хозе, Калифорнија. Новата зграда е проектирана од проектантската компанија „NBBJ“ и ќе располага со две кули по 10 ката, киоск со различни погодности за вработените, гаража, дворови, кафулиња и фитнес центар.

Во неа ќе работат 2.000 вработени на „Samsung“ кои ќе се занимаваат со развој и продажба.

„Дворот ќе поврзува одделни делови на зградата. Центарот е дизајниран така што секој вработен на „Samsung“ ќе биде не повеќе од еден кат растојание од зелените површини“, велат од проектантската компанија „NBBJ“.

Од „Samsung“ очекуваат да ја завршат новата зграда до 2015-та година кога се очекува компанијата да им се приклучи на конкурентите како „Apple“, „Google“ и другите технолошки гиганти кои имаат значително присуство во Силиконската долина.

Новата зграда ќе се наоѓа на само 20 мин возење од седиштето на „Apple“ во Силиконската долина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП