24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАтлантик Група во 2012 година со рециклирање на хартија спаси повеќе од...

Атлантик Група во 2012 година со рециклирање на хартија спаси повеќе од 22 илјади дрвја

timthumb

Вработените во Атлантик Група минатата година собраа 1.318 тони отпадна хартија која беше рециклирана

 

Атлантик Групата неодамна ги објави резултатите од напорите за организирана заштита на животната средина за 2012 година. Според последните извештаи за заштита на животната средина компанијата Атлантик Група покажа дека доколку грижата за планетата земја е секојдневна и обврска на секој вработен, резултатите можат да бидат импресивни и неизбежни. Вработените во групацијата го прифатија предизвикот за искорисување на природните богатства на одржлив начин како и обврската да се грижат и да ја сочуваат природата и околината за следните генерации.

Како резултат на ваквите заложби и вообичаената пракса на вработените во Атлантик Групаминатата година беа собрани 1.318 тони отпадна хартија со што беше овозможено нејзино рециклирање.

Доколку се земе во предвид светски познатата формула дека 1 тон рециклирана отпадна хартија спасува 17 дрва, заштедува 26 m3 вода, 320л. нафта,4.000 kWh електрична енергија и 2,3 m3 место за одложување на отпадот, во тој случај допринесот на Атлантик Групаво 2012 година за заштита на околината на сликовит начин би изгледал вака: со рециклирање на отпадната хартија спасена е шума од 22.400 дрвја и заштедено е вода потребна да наполни 14 олимписки базени, заштедена е електрична енергија која би ја потрошиле 1300 семејства во трособен стан во период од една година, заштедено е повеќе од 420.000 литри нафта и намалено е оптеретувањето на местото наменето за складирање на отпадот за 3000 m3.

По тој повод  Марина Савиќ,одговорна за корпоративни комуникации во Атлантик Група за Србија и Македонија изјави:„Интерно поставивме стандарди и одредивме активности во правец на развивање на еколошката свест и однесување на вработените што има посебно значење во оптимизацијата на одредени трошоци и заштеда на ресурите и енергијата. Проектот под име “Follow me”подразбира сет на активности со кои остваруваме две цели: допринос за еколошка заштита и заштеда во работењето, што подразбира рационална употреба на енергија со исклучување на светлата, печатачите, факс машините, фотокопирот….секој пат кога е тоа возможно, активности усмерени кон рециклирањето и поделба на одпадокот со јасни упатства за вработените што може да биде рециклирано… нашата грижа за околината се прошири од локален пристап до корпоративно ниво со конзистентен ЕМС (Environmental Management System) и фокус на заштита на иднината“.

Одговорноста и грижата на Атлантик Групакон околината во почетокот имаше локален карактер, а денеска тие се стремат за заштита на средината преку организиран корпоративен пристап. Нивните напори и активности резултираа со одлични резултати постигнати во текот на 2012 година, со што Атлантик Група постигна значаен исчекор во однос на одржливоста и подигнување на еколошката свест.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП