19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple обвинет за местење на цени

Apple обвинет за местење на цени

apple1

Американската информатичка компанија „Apple“ вчера беше прогласена за винова дека се договарала со големите издавачи во САД, со цел да ги зголеми цените на e-книгите, на компанијата и следи плаќање на голема парична казна и камата.

„Обвинителството докажало дека „Apple“ направил заговор за да ја зголеми цената на е-книгите“, оцени судијата Денис Коте во одлуката напишана на 160 страни, која беше објавена вчера.

Таа објави дека ќе се одржи нов процес во кој ќе се одредува износот на казната која компанијата мора да ја плати. Тоа го бараат повеќето американски држави.

Државното обвинителство го обвини „Apple“ дека на крајот на 2009 година се договорил со пет издавачи, со цел да ја подигне цената на е-книгите, пред лансирањето на нивниот таблет.

Американското Министерство за правда верува дека нивната цел била да се намали доминацијата на „Amazon“ на пазарот.

На суд заврши само „Apple“, додека издавачите направија договор со владата и државите. Судијата наведе дека некои книги, кои на „Amazon“ биле 9,99 долари, кај „Apple“ биле 12,99 или 14,99 долари.

„Apple“ објави дека има намера да поднесе жалба на пресудата. „Не направивме ништо лошо и ќе поднесеме жалба на одлуката на судот“, наведе компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП