19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRCZ - R пристигнува во 2014-та година

RCZ – R пристигнува во 2014-та година

rzc

„Peugeot“ ги објави компјутерските цртежи и техничките детали на новата најмоќна верзија на моделот „RCZ“.

Францускиот производител го најави моделот „RCZ-R“  уште во септември 2012-та година кога на парискиот авто-саем беше претставена концептната верзија на овој автомобил. Тогаш беше најавено дека моделот ќе се појави во продажните салони во првото тромесечие од 2013-та година, но во меѓувреме дојде до одложување на промоцијата на неговата сериска верзија.

Овој пат автомобилот е подготвен и ќе има премиера на „Goodwood Festival of Speed“ која се одржува од 11 до 14 јули во Велика Британија.

Разликите во однос на концептот од Париз се минимални и се однесуваат на комбинацијата на бои, додадената буква „R“ на маската на ладилникот и поклопецот од багажникот, како и третото стоп-светло кое се наоѓа на задниот спојлер.

rzc2

За првпат имаме можност да ја видиме и внатрешноста на автомобилот во која доминира црната боја со детали од црвен конец со кој се шиени спортските седишта и инструмент таблата.

Седиштата се во комбинација од „Nappa“ кожа/ „Alcantara“, a на нивните наслони, како и на централната конзола исто така е вметната карактеристичната буква „R“ со која се нагласува името на оваа верзија на моделот „RCZ“.

Воланот, контролната табла и внатрешноста на вратата се обложени со црна кожа. Особено се истакнува делот на централната конзола под отворите за вентилација во која се наоѓаат командите на аудио уредот и климата, а кој е изграден од црна високосјајна пластика, додека пак рачката од менувачот е од алуминиум.

Под хаубата се наоѓа 1.6 литарски „THP“ турбо-бензински мотор кој развива 201 kW/ 273 ks при 6.000 o/min и 330 Nm максимален вртежен момент достапен веќе на 1.900 o/min. Моторот е поврзан со шестбрзински мануелен менувач.

rzc1

„Peugeot RCZ R“ е во состојба од 0 дo 100 km/h да забрза за нешто под 6 секунди, пред да ги достигне максималните, електронски ограничени 250 km/h.

Во споредба со претходниот најмоќен „RCZ“ модел кој располага со 200 „коња“, верзијата „R“ е со маса од 1.280 kg со што е полесна за 17 kg. Францускиот производител тврди дека автомобилот е во состојба просечно да потроши 6.3 l/100 km во комбиниран режим на возење со CO2 eмисија од 145 g/km.

Пошироката публика ќе може да го запознае овој автомобил на саемот во Франкфурт во септември, додека почетокот на продажбата е одложен за 2014-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП