28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродажбата на обврзници на Грција и донесе 1,6 милијарди евра

Продажбата на обврзници на Грција и донесе 1,6 милијарди евра

euro2

Грција на вчерашната аукција за краткорочни обврзници собра 1,6 милијарди евра, односно еднаква сума како и на аукцијата од минатиот месец, објави официјална Атина.

Каматната стапка на обврзниците остана на истото ниво од 4,2 проценти, додека вкупниот обем на побарувачката изнесуваше 2,1 милијарди евра, се наведува во соопштението на агенцијата за управување со долгови, пренесува Франс Прес.

Грција редовно емитува краткорочни должнички хартии откако во 2010 година беше исклучена од долгорочниот пазар, и во голема мера се потпира на спасувачките пакети на Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд за својот економски опстанок.

Министрите за финансии од еврозоната вчера се договорија на Грција да и пратат пакет помош во висина од 6,8 милијарди евра, во замена за нејзиното исполнување на потребните реформи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП