19 април, 2024

Jaguar Project 7

Jaguar Project 7 1

Како што беше најавено пред неколку дена, „Jaguar“ ги објави деталите и сликите од „Project 7“, новата студија на база на „F-Type“, кoја премиера ќе има на годинешниот фестивал на брзина „Goodwood“.

„Project 7“ има задача да потсети на „Jaguar D-Type“ и историјата на „Jaguar“ на „Le Man“, но и да најави на идната екстремна верзија на „F-Type“ која би можела да располага со најмалку 650 „коња“ (можеби и со погон на сите четири тркала).

Да потсетиме „Project 7“ го доби своето име во чест на седумте победи на „Jaguar“ на трката „Le Man“.

Jaguar Project 7 1111

Според луѓето од компанијата, „Project 7“ е уникатна дизајн-студија под чија хауба се крие 5.0L V8 мотор со компресор и 550KS и 680 Nm вртежен момент.

Британците наведуваат дека забрзувањето oд 0 дo 100 km/h изнесува 4.1 секунда, додека максималната брзина е ограничена на 300 km/h.

Jaguar Project 7 11111

Исто така во пакет се и нови амортизери (возилото е за 10 mm пониско од сериското), спортски издувен систем, аеро боди кит (редизајниран преден браник, преден спојлер, прагови,заден дифузер,фиксен заден спојлер), црни тркала, бели тркачки ленти, мала шофершајбна и едно тркачко седиште. Наместо сувозачко седиште тука посебно место има за кацигата која е во боја на автомобилот. Сината боја на екстериерот е во чест на „Jaguar D-Type“, победникот на 24 часа „Le Man“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП