18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦрна Гора оствари „висок економски раст“

Црна Гора оствари „висок економски раст“

crnagora2

Во Црна Гора од почетокот на оваа година е остварен „висок економски раст“, соопшти Централната банка – ЦБ.

Сепак ЦБ оценува дека сеуште е рано да се зборува за такви проекции за цела година.

Советот на ЦБ, исто така, соопшти дека се запрени негативните трендови во индустријата и дека финансискиот систем е „релативно стабилен“.

Бруто и нето платите во однос на истиот период од минатата година се намалени, констатираше Советот на ЦБ, а „клучен ризик“ за црногорската економија претставува високиот јавен долг, со тенденција за негов натамошен раст.

Според прогнозите на Советот на ЦБ, инфлацијата во Црна Гора до крајот на година ќе изнесува до пет проценти, на што, како што се проценува, ќе влијае и неодамнешното зголемување на стапката на данокот на додадена вредност од 17 проценти на 19 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП