19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтроги прописи за банките во САД

Строги прописи за банките во САД

ban1

Американските регулатори превземаа чекори за измена на законската регулатива, која од осумте најголеми банки во САД ќе бара да го намалат ризикот кој би можел да му наштети на финансискиот сектор.

Американската Управа на федерални резерви, Федералната корпорација за осигурување на депозитите и Канцеларијата за валутна контрола предложи банките да го зголемат својот високо-квалитетен капитал од три на пет проценти од вкупната актива, како и нивните филијали кои ги држат депозитите, капиталот да го зголемат на шест проценти, пренесува агенцијата АП.

Доколку бидат усвоени, предложените мерки ќе стапат на сила во 2018 година и ќе се однесуваат на банките кои се сметаат за толку големи и меѓусебно поврзани, така што секоја од нив може да претставува закана за глобалниот финансиски систем.

Банките за кои станува збор се : „Goldman Sachs“, „Citigroup“, „Bank of Amerika“, „JP Morgan“, „Wells Fargo“, „Morgan Stanley“, „BNY Mellon“ и „State Street bank“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП