25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБразил има потреба од лекари (просечна плата 4.500 долари)

Бразил има потреба од лекари (просечна плата 4.500 долари)

brazil-doktori

Бразилските власти започнаа програма за привлекување на илјадници странски лекари за да ги пополнат празните позиции во здравствениот систем во земјата, што е потег кој беше остро критикуван од локалните здравствени работници.

Подобрување на квалитетот на здравствената заштита во Бразил е едно од клучните барања на стотици илјади Бразилци, кои минатиот месец одржаа три-неделни улични протести низ целата земја.

Бразилскиот претседател Дилма Русеф изјави дека оваа иницијатива, која ќе биде спроведена во согласност со претседателскиот декрет, ќе бидат опфатени 10.000 работни места и инвестиции од 1,27 милијарди долари.

Владата во оваа земја соопштила дека овие работни места со месечна плата од 4.500 долари, ќе бидат пополнети во голема мера од бразилски лекари, но дека и странците исто така може да ги пополнат празните места.

Избраните лекари ќе почнат да работат од средината на септември, главно во сиромашните предградија на големите градови.

“Секој бразилски жител треба да има пристап до лекар. На Бразил му недостигаат доктори, и доколку ги немаме доволно во нашата земја, ќе побараме добри доктори од надвор”, рече Русеф.

Кандидатите од странство мора да бидат од земјите каде што постојат повеќе од 1,8 лекари на 1.000 жители, како што се Шпанија, Португалија, Аргентина или Куба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП