28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBluebird ги најави DC50 и GTL Formula E

Bluebird ги најави DC50 и GTL Formula E

01bluebirddc50

„Bluebird Performance Engineering“ за време на настанот „Sustainable MotoExpo“ го најави претставувањето на спортскиот автомобил „DC50“, како и тркачкото возило „GTL Formula“ E.

„DC50“ е спортски автомобил кој ќе биде во лимитирано производство од 50 примероци со кој ќе се прослават 50 години од поставувањето на брзинскиот рекордот од страна на Доналд Кембел. Возилото ќе биде достапно во „Bluebird“ сина боја и ќе го карактеризира електричен погон кој ќе постигнува моќ до 360ks.

Овој мотор ќе му овозможи на автомобилот да има перформанси слични на моделите на „Porsche“ и со него ќе може да се помине до 322 километри со едно полнење.

Од друга страна тркачкиот автомобил „GTL Formula E“ ќе се натпреварува во рамките на новата „FIA Formula E“ серија која ќе започне следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП