24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Хелсинки провомиран македонскиот туризам

Во Хелсинки провомиран македонскиот туризам

promocija

Тур оператори од Македонија се претставија на најголемиот Нордиски саем за патувања и туризам МАТКА што се одржа во Хелсинки од 16 до 20-ти овој месец. Тие, како што соопшти Стопанската комора за туризам, имаа можност да остварат средби и контакти со водечките фински тур оператори со цел продолжување и интензивирање на досегашната успешно реализирана соработка.

– Од особена важност за нас како бизнис сектор е што овој пат добивме директна поддршка од Владата во однос на зголемување на субвенциите за туристите од Финска. Многу сме задоволни од залагањето и проактивниот пристап на амбасадорот Кире Илиоски со помош на кој остваривме бизнис контакти кои отвораат нови перспективи и можности за уште поголем инкаминг туризам од овој дел на светот, истакна претседателот на Комората Лела Крстевска.

Според Сашко Дончовски, сопственик на ТА „Атлантис“ соработката во претходните две години со најголемиот фински тур оператор кој оваа година ја прославува својата 50 годишнина, ќе биде интензивирана што е добар почеток за регрутирање туристи од Финска и регионот.

– Наша цел е да станеме лидери на скандинавскиот туристички пазар, потенцира Дончовски, додавајќи дека саемот во Хелиснки треба да послужи како пример за добра и успешна туристичка презентација на Република Македонија.

Учеството на македонските туроператори го организира Амбасадата во Стокхолм во соработка со Стопанската комора за туризам.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП