24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДесетото засилување на Монако е Абидал

Десетото засилување на Монако е Абидал

130708140725652_29_000_apx_470_

Најновото засилување на францускиот Монако е ветеранот Ерик Абидал. 33-годишниот дефанзивец се врати кај „кнезовите“ 11 години подоцна, откако ја напушти Барселона како слободен агент. Договорот му е за една година со опција за продолжување на уште една.

Абидал ја започна својата кариера во Лион, но на 21-на година преминува во Монако, каде останува до 2002-та година од каде замина за Лил. Во 2004-та преминува во Лион, каде што остана три години пред да премине во Барса. Тој со голем успех го носеше дресот на каталонците за време на неговиот шестгодишен престој.

Така Абидал станува десетото ново засилување на Монако по Радамел Фалкао, Жоао Моутиньо, Хамес Родригез, Рикардо Каравлјо, Никола Исимат-Мирен, Антони Мартино, Гетано Монакело, Фабињо и Џереми Тулалан. Вкупната сума потрошена од клубот до моментов е 144.5 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП