20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКинези ја купија зградата на Lloyds

Кинези ја купија зградата на Lloyds

flat,550x550,075,f

Кинеска осигурителна компанија за 260 милиони фунти (388 милиони долари) постигна договор за купување на лондонската „Lloyds Building“ каде се канцелариите на познатата осигурителна компанија „Lloyd’s“.

Ова е прва ваква зделка од страна на кинеската осигурителна компанија во Вeлика Британија, се вели во соопштението на агенцијата за недвижности „Savills“.

Зградата која е дизајнирана од Ричард Роџерс беше купена од „Commerz Real“ за 231 милиони фунти во 2005-та година, а потоа е дадена под наем на „Lloyds“ до 2031-та година.

„Нашата ликвидност и инвеститорското  пребарување на лондонскиот пазар ни обезбеди идеална можност за продажба“, се вели во соопштението на членот на Управниот одбор на „Commerz Real“ – Роланд Холшух.

Од „Savills“ не го откриваат името на кинеската компанија, велејќи само дека таа е „водечка“ осигурителна компанија во земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП