25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомпаниите со најголем број на вработени

Компаниите со најголем број на вработени

walmart

Најголемите компании во светот обезбедуваат работа на илјадници луѓе. Поради светската финансиска криза од 2008-та година па наваму, многу компании извршија отпуштања, но има и такви кои се уште имаат импресивна бројка на работници. Видете кои корпорации се во топ 10 на најголемите работодавачи во светот:

10. „Aviation Industry Corporation of China“ – Кина – 480.147 вработени

Компанијата е стара 52 години, основана е на 17-ти април 1951-та година.

9. „China Telecommunications“ – Кина – 491.447 вработени

Тоа е државната компанија за телекомуникации. Таа е третата најголема компанија за телекомуникации во земјата и има најголема „Wi-Fi“ мрежа во земјата.

8. „Volkswagen“ – Германија – 501.956 вработени

Зборот „Volkswagen“ значи „автомобил за народот“. И навистина, доста „народ“ работи во компанијата.

7. „US Postal Service“ – САД – 601.601 вработени

Компанијата започна со работа во 1775-та година.

6. „China Post Group“ – Кина – 889.307 вработени

Поштата на Кина е основана уште за време на династијата Шанг. Официјално компанијата е основана во 1949-та година.

5. „Hon Hai Precision Industry“ – Тајван – 961.000 вработени

Основана е во 1974-та година. Тоа е најголемиот производител на електроника во светот по продажба. Има 19 фабрики во Кина.

4. „Sinopec“ – Кина – 1.021.979 вработени

Тоа е петата најголема компанија во светот по приходи.

3. „State Grid Corporation of China“ – Кина – 1.583.000 вработени

Тоа е најголемата електродистрибутивна компанија во светот.

2. „China National Petroleum Corporation“ – Кина – 1.668.072 вработени

Тоа е државната нафтена компанија. За сега е стабилна на втората позиција во светот по број на вработени.

1. „Walmart“ – САД – 2.200.000 вработени

Гордоста на САД е најголемиот приватен работодавач во светот и е единствената со над 2 милиони вработени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП