19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHTC: Профитот во вториот квартал потона за 83 %

HTC: Профитот во вториот квартал потона за 83 %

htc1

„HTC“ го објави својот финансиски извештај за вториот квартал од оваа година, кој покажува дека е забележан пад на приходите и лоша финансиска состојба.

Имено, профитот е намален за 83 проценти, во однос на минатогодишниот кој изнесуваше 2,1 милијарди долари, оваа година изнесувал 41,6 милиони долари, што е полошо и од предвидувањата на аналитичарите.

Приходите доживеаа пад од 22 проценти во споредба со истиот квартал минатата година. Сепак, овие резултати се голема промена во споредба со рекордно лошите резултати од првиот квартал, во кој беше забележан пад од 98 проценти во однос на претходната година.

Пораст на приходите е забележан во април и мај, што е резултат на претставувањето на моделот „HTC One“, но во јуни продолжи негативниот тренд и падот на приходите.

Компанијата ќе се обиде да ги поправи негативните резултати во следниот квартал со новиот модел „HTC One mini“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП