28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСамсунг дава 4.5 милијарди за нови центри

Самсунг дава 4.5 милијарди за нови центри

samsung

Потребно е да се потрошат пари за тие повторно да се заработат, па Самсунг поради тоа планира да потроши 4.5 милијарди долари на 5 нови центри за истражување и развој на нови производи и технологии.

Сите центри ќе се наоѓаат во Јужна Кореа, а првиот центар се очекува да биде отворен во Сеул во 2015-та година.

Се проценува дека во новите центри ќе бидат вработени 10.000 луѓе, а нивната примарна цел ќе биде фокусирање на дизајнот.

Самсунг исто така планира новите центри да се фокусираат и на новите материјали, компоненти, чипови и екрани.

Во 2012-та година Самсунг потроши рекордни 10.5 милијарди долари на развој и истражувања и изгледа како да не покажуваат знаци за намалување на инвестициите.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП