25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО30 милиони евра чини заменикот на Чаби Алонсо

30 милиони евра чини заменикот на Чаби Алонсо

iljaramendi

Раководството на Реал Мадрид е во напредни преговори со Реал Сосиедад за играчот од средниот ред Асиер Илјараменди.

Баскијците ја сакаат откупната клаузула која изнесува 30 милиони евра. Од „Сантијаго Бернабеу“ имаат намера да ја платат одредената сума, додека ДДВ-то да биде покриено од страна на Сосиедад. Такво нешто „белите“ направија со Севилја при купувањето на Серхио Рамос во текот на летото на 2005-та година.

Според  некои медиуми трансферот може да биде реализиран во наредните 72 часа. Во случај Реал Мадрид да не успее да го земе баскискиот фудбалер, тие ќе се насочат кон Кондогбиа од Севилја, кој чини осум милиони евра. Со ова од „Бернабеу“ сакаат да покажат дека сериозно бараат заменик на Чаби Алонсо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП