25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДолгорочниот кредитен рејтинг на Групацијата Триглав достигна повисоко „A-“ ниво

Долгорочниот кредитен рејтинг на Групацијата Триглав достигна повисоко „A-“ ниво

triglav

Кредитната рејтинг агенција „Standard & Poor’s“ (S&P), со промена на критериумот за процена на кредитните рејтинзи на осигурителните компании, повторно го провери кредитниот рејтинг на Групацијата Триглав. На основа на оваа ревизија, долгорочниот кредитен рејтинг на Групацијата, кој се однесува на Заваровалница Триглав и Позаваровалница Триглав Ре, се подигна за едно ниво, од „БББ“ на „A-“, со стабилна среднорочна прогноза.

Зголемувањето на кредитниот рејтинг е последица на мислењето на S&P дека Групацијата Триглав е способна да ги одржува адекватноста на капиталот и профитабилноста на високо ниво. Дополнително, Групацијата Триглав, во согласност со оцената на S&P, се одликува со рационално обликување на осигурително-техничките резервации во осигурувањето на имот и раст на чистата задржана добивка. Кредитниот рејтинг „A-“ е одраз на прифатливото ниво на деловниот ризик на Групацијата, поддржан и од водечката позиција на словенечкиот пазар на осигурување и моќниот финансиски профил на Групацијата. Стабилната среднорочна прогноза на кредитниот рејтинг ги одразува очекувањата на S&P дека Групацијата Триглав ќе ја задржи силната конкурентска позиција и високото ниво на адекватност на капитал и профитабилност.

При последното намалување на кредитниот рејтинг на Групацијата Триглав во февруари оваа година, како резултат на падот на кредитниот рејтинг на Република Словенија за еден степен од „A“ на „A-“, агенцијата S&P предвидуваше дека Групацијата Триглав ќе биде во можност повторно да го зголеми рејтингот доколку во 2013 година дополнително го зајакне нивото на капитал и одржи стабилни деловни резултати.

Со последното подигнување на рејтингот од „БББ“ на „A-“, Групацијата Триглав повторно го има највисокиот кредитен рејтинг помеѓу словенечките финансиски институции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП