25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРома го продаде Освалдо за 20 милиони

Рома го продаде Освалдо за 20 милиони

osvaldo

Англискиот клуб Манчестер Сити и италијанскиот Рома се договорија за трансферот на аргентинскиот напаѓач со италијански пасош Пабло Освалдо, тврдат медиумите во Италија.

Според информациите кои пристигнуваат од Апенинскиот полуостров, 27-годишниот Освалдо ќе премине во тимот на „граѓаните“ за сума од 20 милиони евра.

Минатата сезона Освалдо реализираше 16 гола на 29 средби во Серија “А” во дресот на „волчицата“ од Рим.

Се очекува „граѓаните“ да се зајакнат и со уште еден напаѓач, а тоа најверојатно ќе биде Алваро Негредо од Севилја. Манчестер Сити веќе го продаде аргентинскиот репрезентативец Карлос Тевез на италијанскиот шампион Јувентус, а најверојатно и босанскиот напаѓач Един Џеко ќе си замине од „Етихад“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП