24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКавани станува „светец“

Кавани станува „светец“

кавани

Напаѓачот на Наполи, Единсон Кавани ги договорил личните услови со ПСЖ и наскоро се очекува тој да стане фудбалер на францускиот шампион.

Според медиумите во Италија 26-годишниот Уругваецот се согласил да потпише 5-годишен договор со ПСЖ за годишна плата од 8 милиони евра. Се очекува „светците“ за овој трансфер да платат помеѓу 60 и 62 милиони евра на Наполи. Дел од овие пари или околу 7 милиони евра ќе одат во касата на претходниот клуб на Кавани – Палермо.

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо уште пред неколку дена се сретна со агентот на Кавани и со претставниците на Наполи. Нема да е изненадување ако трансферот биде финализиран уште денес.

На тој начин Кавани повторно ќе игра со својот поранешен соиграч од Наполи, Есекиел Лавеци. Сепак останува прашањето дали со овој трансфер се создаде еден од најубиствените тандеми во светот Ибрахимовиќ-Кавани или пак ова значи дека Швеѓанецот ќе си замине од Париз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП