23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗаврши сагата, Игуаин се сели во Арсенал

Заврши сагата, Игуаин се сели во Арсенал

Higu26

Практично минатата ноќ Арсенал го собори рекордот за трансферна сума, откако се согласиле да платат 23 милиони фунти за напаѓачот на Реал Мадрид, Гонзало Игуаин.

Се очекува денес Аргентинецот да ги помине медицинските прегледи, а потоа да потпише тригодишен договор, според кој ќе добива по 100 илјади фунти неделно.

По неколку неделните преговори, 25-годишниот фудбалер доби дозвола од Реал да полета за Лондон. Менаџерот Арсен Венгер сакаше што побрзо да заврши оваа трансфер-сага за да може да го земе голгетерот на турнејата на Блискиот Исток.

Венгер е решен да го врати тимот на врвот во Англија и им вети на навивачите дека нема да штеди средства во оваа сезона.

Се очекува по спроведувањето на договорот со Игуаин, Арсенал да се фокусира кон привлекување на Вејн Руни и Жулио Цезар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП