29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААликанте станува новиот Кипар

Аликанте станува новиот Кипар

Alicante_Spain_-_the_city_and_the_sea

Поради приливот на руски пари, шпанската провинција Аликанте се претвора во „новиот Кипар“.

Шпанската провинција се претвора во „руска престолнина на Медитеранот“ и во неа нагло се зголемуваат имотните агенции и градежни компании, хотели, ресторани, дискотеки, продавници и фирми кои припаѓаат на граѓани на Русија. Во градовите и селата во регионот како Торебех, Бенидорм, Калипе или Алтеа, Русите се претвораат во доминантна дијаспора.

Претставникот на Трговско-индустриската Комора на Аликанте, Хакобо Андреу признава дека регионот во моментов во голема мера живее за сметка на „руските пари “.

„Само за играчки произведени во Аликанте, минатата година Русите платиле околу 30 милиони евра“, вели Андреу.

Според неговите зборови граѓаните на Русија се повеќе инвестираат во водечките индустрии во економијата на Аликанте и цела Шпанија. Неминовна е паралела со Кипар. Особено ако се знае фактот дека околу 5 милијарди евра на Руси, кои се појавија во последниве години во банките на Аликанте, доаѓаат од островската земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП