20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција има три дена за да ги исполни условите за отпуштање на...

Грција има три дена за да ги исполни условите за отпуштање на следната транша од спасувачката помош

greek-euro_1922940b

Грција има три дена за да ги увери своите кредитори, дека може да ги исполни условите од спасувачката програма, за да ја добие следната транша од меѓународната финансиска помош, изјавија претставници на еврозоната.
Атина и нејзините кредитори ги обновија вчера преговорите за отпуштање на транша во износ од 8,1 милијарда евра по двонеделниот прекин за време на политичката криза, предизвикана од одлуката за затворање на државната радио телевизија ЕРТ.
– Очигледно е општото незадоволство од напредокот во Грција, кога станува збор за реформите во државниот сектор, како собирањето на даноци или здравствените услуги, изјави претставник на еврозоната, кој учествува во преговорите.
– Сите се согласни дека Грција треба да ги исполни условите пред состанокот на Еврогрупата, в понеделник. Поради тоа таа треба одново да ги претстави своите идеи в петок, изјави друг претставник на еврозоната, јави БТА.
Министрите за финансии од еврозоната планирано е да се состанат на 8 јули и да дискутираат за ситуацијата во Грција. а

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП