18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВести од светот

Вести од светот

najnovi-vesti1

Атина – Грција и нејзините меѓународни кредитори ги продолжија разговорите за деблокирање на траншата од 8,1 милијарди евра по 14-дневна пауза, во која грчката Влада речиси се распадна поради затворањето на јавната радиотелевизија ЕРТ. Грчки функционери, меѓу кои и премиерот Андонис Самарас, очекуваат разговорите да завршат успешно и покрај заостанувањето во програмата за приватизација и реформите во јавниот сектор. Меѓутоа, ако преговорите пропаднат, ММФ може да се повлече од т.н. тројка кредитори, во која се и Европската комисија и Европската централна банка, за да не ги наруши правилата за финансирање.

Атина – Десет илјади банкарски службеници во Грција се очекува да бидат отпуштени во следните три години по промените, фузирањето и рекапитализацијата на финансиско-кредитните институции во земјата, објави весникот „Имерисија“. Паралелно со кастрењето на персоналот се предвидува за 25 отсто да се намалат и филијалите на грчките банки. Промените се соддржани во оперативните планови на банките, што им беа претставени на „тројката“ кредитори од ЕУ, ЕЦБ и ММФ.

Атина – Реформи и привлекување инвеститори се единствениот правилен пат за Грција, изјави претседателот на најголемата кинеска компанија во поморскиот транспорт КОСКО, во интервју за грчкиот весник „Катимерини“. Шефот на КОСКО забележа дека има корелација меѓу напорите на Грција и намерите на Кина да продолжи да инвестира во оваа земја. Гигантот во морскиот чартер превоз КОСКО има акции во инфраструктурата на пристаништето Пиреа, а неговиот претседател објави дека експерти на компанијата ќе ја посетат Грција за да ги разгледаат можностите и за инвестиции во железниците.

Атина – Откако за 110 милиони евра го купи островот на Оназис – Скорпиос, рускиот олигарх Дмитриј Риболовљев се заинтересира за нови инвестиции во Грција. Тој минатата недела се сретна во Атина со грчкиот премиер Андонис Самарас. Се претпоставува дека двајцата не зборувале само за островот Скорпиос, туку и за учеството на Риболовљев во приватизациската програма на грчката Влада. Тој не покажал интерес само за фирми, туку и за предложените големи недвижни имоти во луксузни делови на Грција, со цел реализација на туристички проекти и изградба на хотели и вили за одмор на руските богаташи. Четириесет и седумгодишниот руски богаташ, пријател на рускиот претседател Владимир Путин, се наоѓа на листата на 80-те милијардери на списанието „Форбс“.

Луксембург – Невработеноста во еврозоната забележа раст во мај и достигна 12,1 отсто. Уште 67 илјади лица им се придружија на оние кои претходно останаа без работа, со што вкупниот број на невработени, според Евростат, изнесува 19,2 милиони лица. Бројот на лица во еврозоната, кои бараат работа бележи континуиран пораст од средината на 2011 година. Голем број аналитичари веруваат дека оваа бројка и натаму ќе расте поради должничката криза во еврозоната.

Брисел – Годишната инфлација во 17-члената еврозона во јуни се зголеми заради повисоката цена на храната и енергијата. Инфлацијата во евроблокот на годишно ниво минатиот месец изнесуваше 1,6 отсто, што претставува раст во однос на мај, кога беа измерени 1,4 отсто, соопшти европската статистичка служба Евростат. Европската централна банка има за цел годишната инфлација во еврозоната да ја држи на ниво од приближно два отсто. Јунското зголемување на инфлацијата е во рамките на очекувањата на аналитичарите.

Хелсинки – Финскиот производител на телефони „Нокиа“ соопшти дека за 1,7 милјарди евра ќе го откупи уделот на германскиот „Сименс“ во нивната заедничка фирма „Нокиа Сименс Нетворкс“ (НСН), која беше формирана во 2007 година за задружен настап на пазарите на фиксната и мобилната телефонија. Купо-продажбата на НСН во која двете компании поседуваат по 50 отсто, ќе се реализира во текот на третиот овогодишен квартал.

Франкфурт – Набрзо по најавата дека финскиот производител на телефони „Нокиа“ ќе го откупи уделот на „Сименс“ во нивната заедничка фирма „Нокиа Сименс Нетворкс“ (НСН), акциите на германскиот гигант на Берзата во Франкфурт пораснаа за 2,6 отсто на 79,88 евра. „Нокиа“ ќе го откупи уделот на „Сименс“ во НСН, во која двете компании поседуваат по 50 отсто, за 1,7 милјарди евра.

Берлин – Издавачките куќи „Пингвин“ и „Рендом Хаус“ се споија во во единствена компанија, со што се создаде најголемиот издавачки конгломерат во светот. Новата компанија „Пингвин Рендом Хаус“ ќе биде во мнозинска сопственост на германската корпорација „Бретелсман“ (досегашен сопственик на „Рендом“), која ќе поседува 53 проценти од акциите, а останатите 47 отсто ќе и припаѓаат на фирмата „Пирсон“ (соственикот на „Пингвин“). Компанијата ги поседува правата за издавање на бестселерите на Ден Браун и Кен Фолет, како и на цела колекција на книги, меѓу кои и „Плодовите на гневот“ на Џон Стајнбек и „Невидливиот човек“ на Ралф Елисон.

Вашингтон – Познатиот американски економист и професор на Унивезритетот „Џонс Хопкинс“, Стив  Ханке пресметал дека стапката на инфлација во Сирија на годишно ниво достигнала 200 отсто. За оваа своја пресметка Хенке користел сопствени извори,  официјални податоци на САД и ММФ и информации од сирискиот печат. Ханке пресметал дека месечната инфлација во Сирија сега изнесува 34 отсто, како и дека вредноста на сириската фунта за последниве 12 месеци опаднала за 66,2 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП