25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе зголеми цената на недвижнините во Кина

Се зголеми цената на недвижнините во Кина

china2

Цената на недвижнините во најголемите кинески градови минатиот месец се зголеми за 7,4 проценти на годишно ниво, и покрај обидите на владата да го ограничи растот на цената на тој пазар.

Просечната цена на новите станови во 100-те најголеми кинески градови во јуни достигна 10.258 јуани (1.672 долари) за метар квадратен, пренесува агенцијата Франс прес.

Јуни е седмиот последователен месец во кој цените се зголемија, иако растот од 0,77 проценти е помал во однос на оној од мај, кој изнесуваше 0,81 проценти, бидејќи банките го намалија кредитирањето на секторот за недвижнини поради криза со ликвидноста.

Понудата на кинескиот меѓубанкарски пазар е намалена веќе три недели, а каматните стапки кои банките ги наплатуваат при меѓусебното позајмување достигнаа рекордно високо ниво.

Цената на недвижнините е осетливо прашање за Кина, а владата во Пекинг веќе три години се обидува да го контролира нејзиниот раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП