24 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНе сте го добиле работното место и не ја знаете причината?

Не сте го добиле работното место и не ја знаете причината?

nervous

Сте се пријавиле на оглас за работа, можеби сте биле и на интервју, но не сте го добиле работното место. Зошто? Немате идеја!

Зошто не ви ја објасниле причината поради која не сте биле ангажирани?

Факт е дека работодавците кои одговараат на пристигнатите молби се малкумина, а кога одговараат на нив претставуваат мала утеха доколку одговорот е негативен.

Некои работодавци со задоволство ќе им дадат објаснување на кандитадите, но и тие се во мал број.

Еве три причини поради кои е тоа така:

Немаат време

Учтивото одбивање бара време. Голем број фирми немаат сектор за човечки ресурси, така да малку веројатно е некој дека ќе се позанимава со тоа.

Не сакаат да навлегуваат во дискусии

Луѓето се различни. Доколку едни ќе го прифатат образложувањето и ќе се забалагодарат, други тоа ќе го искористат за оправдувања и за почеток на расправа.

Одлуката нема никаква врска со тебе

Одлуката е поврзана со друга личност-онаа која е избрана за работното место. Таа личност поседува некои карактеристики кои другите кандидати ги немаат. Можеби има подобар пристап кон разговорот за работа, поголема самодоверба….

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП