25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПонудени над 2 милијарди долари за Empire State Building

Понудени над 2 милијарди долари за Empire State Building

alg-empire-state-building-jpg

Мистериозен  купувач од Блискиот Исток понуди да плати 2.1 милијарди долари во кеш за познатиот облакодер „Empire State Building“, пишува „The New York Daily News“, повикувајќи се на документи кои биле доставени во Комисијата за хартии од вредност и берзи на САД.

Претходно компанијата „Cammeby’s International Group“ изрази подготвеност да плати за зградата 2 милијарди долари. И двете понуди постапуваат според тековните разговори за спроведување на иницијална јавна понуда за „Empire State Building“.

Портпарол на сегашниот сопственик на зградата „Woolworth Building“ одбил да ги коментира ваквите информации, но според други извори се вели дека купувачот од Блискиот исток е подготвен да води ценова војна се со цел да стане сопственик на облакодерот.

„Empire State Building“ ја одбележа својата осумдесет годишнина во 2011-та година, а едниот од најзначајните симболи на Њујорк се проценува на 2.5 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП