24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПад на профитот на Monsanto

Пад на профитот на Monsanto

monsanto1

Најголемата светска компанија за производство на генетски модифицирана храна, „Monsanto“, наведува дека нето профитот во третиот квартал е намален за три проценти.

Според соопштението на компанијата, причина за падот на профитот е тоа што на вкупната заработка се одразиле проблемите во секотрите за производство на памук и соја.

Компанијата од Сент Луис наведува дека во третиот квартал приходите ќе бидат зголемени за помалку од еден процент, додавајќи дека на резултатите влијаеле зголемените трошоци за производство по минатогодишната суша, пренесува агенцијата АП.

Приходите на „Monsanto“, од друга страна, минатата година се зголемија за 17 проценти, бидејќи благата пролет им помогна на земјоделците порано да ги засадат земјоделските култури.

„Monsanto“ во три месеци заклучно со мај заработи 909 милиони долари, односно 1,68 долари за акција, во однос на 937 милиони долари или 1,74 долари за акција во истиот период минатата година.

Приходите истовремено се зголемија за помалку од еден процент на 4,25 милијарди долари. Акциите на компанијата денес, објавувањето на овој извештај, се намалија за 80 центи на 100,60 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП