25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCitigroup се шири во Ирак

Citigroup се шири во Ирак

citigroup1

„Citigroup“ ќе биде првата американска банка која ќе влезе на ирачкиот пазар, соопшти оваа финансиска институција.

Канцеларијата, за чие отварање доби прелиминарна согласност од ирачката централна банка, ќе биде отворена во Багдад, пренесува Блумберг.

„Citigroup“, третата по големина банка во САД, досега обезбедуваше услуги за клиентите од Ирак преку филијалата во Аман, Јордан.

Со доаѓањето на ирачкиот пазар таа ќе стане една од околу 15-те странски финансиски институции, кои веќе работат во Ирак, додаде ирачката централна банка.

„Ирак е важен економски пазар со значителен потенцијал за раст“, изјави директорот на „Citigroup“ за Европа, Блискиот Исток и Африка, Џејмс Каулес.

Тој додаде дека со доаѓањето на ирачкиот пазар, банката ќе може да обезбеди подобри услуги за клиентите кои го шират својот бизнис во таа земја. По отварањето на канцеларијата во Багдад, банката планира да отвори филијали во двата големи ирачки градови Ербил и Барси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП