20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSiemens обвинет за подмитување

Siemens обвинет за подмитување

siemens1

Државниот обвинител за борба против корупцијата во Виена започна истрага против „Siemens“ за подмитување во југоисточна Европа.

Истрагата, како што се потврдува во таа установа, не се води само против менаџерот, туку против целата компанија.

Портпаролот на обвинителството, Ерих Мајер објасни дека компанијата „Siemens“ во врска со аферата подмитување, за која од 2009 година се води истрага, се води како оштетена стана, но дека од крајот на 2010 година се смета и за обвинета поради сомневаање за даночно затајување.

Имено, „Siemens“, како што е сомнението, во југоисточна Европа платил 50 милиони евра мито. Компанијата со помош на мито „купувала“ работа во Бугарија, Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина, се сомнева обвинителството.

Според сомнението, поткупот бил исплатен преку договори за консултантски услуги, за кои обвинителството верува дека биле лажни.

Обвинителството од Виена, во рамкте на истрагата, проследи неколку барања за правна помош на земјите од југоисточна Европа.

До есен, истражните органи, очекуваат дека ќе го завршат својот извештај, по што ќе следи анализа, за наредната година да биде одлучено дали ќе биде покренато обвинение.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП