28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHuawei „ита“ кон врвот, а притоа го напаѓа Samsung

Huawei „ита“ кон врвот, а притоа го напаѓа Samsung

huwei

По претставувањето на својот нов модел „Ascend P6“, извршниот директор на „Huawei“, Ричард Ју на сите јасно им стави до знаење дека компанијата планира во иднина да претставува уреди кои се подобри од конкуренцијата и тоа со пониска цена.

Ју нагласи дека уредот на „Samsung“, моделот „Galaxy S4“ е само просечен и дека „Huawei“ е на пат нивните уреди да бидат уште попримамливи за корисниците.

„Сакаме на луѓето да им ги понудиме најдобрите, најубавите и најтенките телефони, а „Galaxy S4 е многу подебел. Нашите уреди не се од пластика. Единствената разлика се парите кои „Samsung“ ги троши на рекламирање и затоа луѓето ги купуваат нивните уреди. Ние немаме толку пари, па нашите производи мораат да бидат подобри од конкурентските“, изјави Ју.

„Најдобри телефони некогаш правеше „Nokia“, па по нив „Apple“, а потоа „Samsung“. И кој е сега број еден? Индустријата е многу динамична, без разлика на тоа колку сте успешни и доколку сте во моментот број еден. Сепак тоа незначи дека и утре ќе бидете лидер. „Samsung“ има многу пари и тие ги инвестираат во маркетинг за луѓето да ги купуваат нивните производи, без разлика на нивниот квалитет. „Samsung Galaxy S4“ едноставно е просечен телефон“, додава тој.

Ју исто така нагласи дека компанијата е во добри односи со „Google“ и дека сака „Android“ да биде повеќе ориентиран кон корисниците и да биде полесен за користење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП