20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИOMV бара нафта во Црното Море

OMV бара нафта во Црното Море

omv1

Нафтената компанија „OMV“ со своите партнери започна со собирање на сeизмички податоци за експлоатацијата на нафта во западниот дел на Црното Море, на брегот на Бугарија.

Пaртнери за ова истажување на блокот „1-21 Хан-Аспарух“ се „OMV“ 30 проценти, „Total“ 40 проценти и „Repsol“ 30 проценти, соопштија од компанијата.

Блокот „1-21 Хан-Аспарух“ завзема површина од 14.220 километри квадратни со длабочина на водата од 2.200 метри.

Планот е да се набават 3D сеизмички податоци за вкупни 7.740 квадратни километри.

Членот на Извршниот одобр на „OMV“ задолжен за секторот истржување и производство, Јап Хујскес, изјави дека сеизмичката компанија на „OMV“ и партнерите ќе им овозможи да го дефинираат локациите за дупчење на два истражувачки бунари, со цел да проценат колкава е количината на потенцијалните ресурси во овој дел од Црното Море.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП