23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКонцептот Union Type C8

Концептот Union Type C8

Auto-Union-Type-C8-8

Концепт-автомобилот „Union Type C8“ е предлог за суперавтомобил кој би бил ривал на моделот „Bugatti Veyron“. Ова возило е инспирирано од тркачкиот модел од триесетите години, „Union Type C“. Дигиталниот креатор на овој модел е канадскиот дизајнер, илустратор и архитект, Максим де Кајзер.

И покрај името и изгледот „Type C8“ има многу повеќе заедничко со модерните суперавтомобили на „Audi“ како што се „R8“ или концептот „Quattro Sypder“, отколку со оргиналниот „Type C“.

Auto-Union-Type-C8-9

Потсетуваме дека автомобилот „Type C“ од 1963-та година имаше мотор со 16 цилиндри, додека според замислата на главниот дизајнер концептот „Type C8“ би требало да има W16 мотор.

Секако оваа студија е направена само за забава и шансите ваков модел да се најде во производство, скоро и да ги нема.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП