25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi најавува подобрен концепт на Quattro

Audi најавува подобрен концепт на Quattro

audikoncept

Веројатно се сеќавате на концептот „Audi Quattro“ кој германскиот производител го претстави на авто-саемот во Париз во 2010-та година. И покрај извештаите дека од „Audi“ го напуштиле овој проект, изгледа дека ситуацијата во целост се променила.

Според извештаите на поедини  германски публикации „VW Group“ подготвува некои големи новитети за саемот во Франкфурт кога станува збор за секој од своите главни брендови, вклучувајќи го и екстремно лесното спортско купе кое ќе биде „preview“ верзија на моделот „Audi Quattro Coupe“, наследникот на легендарниот спортски модел од осумдесетите.

audikoncept1

Овој концепт би требало да биде многу блиску до производната верзија, отколку концептот од 2010-та година. „Audi“ има желба да започне да го произведува овој модел во мала серија и во рок од две години по саемот во Франкфурт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП