29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFIAT 500 Living со седум седишта и повеќе простор

FIAT 500 Living со седум седишта и повеќе простор

fiatl

„FIAT“ ги објави првите официјални фотографии и технички детали за моделот „500L“ со седум седишта пред неговата премиера која е закажана за следниот месец.

По стандардниот „FIAT 500L“ и неговата „Trekking“ верзија, „500L Livinig“ е третиот модел кој ќе се произведува во фабриката во Крагуевац.

fiatl1

Италијанскиот гигант успеваше досега да го задржи во тајност и името на новиот модел. Иако се споменуваат имињата 500ХL и 500+, автомобилот со конфигурација на седиштата 5+2 официјално ја доби ознаката „Living“ со што се нагласува дека возилото има многу поголем „животен простор“.

„FIAT 500L Livinig“ во суштина е продолжена верзија на моделот за пет патници со што се доби дополнителен простор за трет ред седишта, односно за дополнителна запремнина на багажникот.

fiatl11

Па така стандардниот „500L“ порасна во должина на 4,35m, додека неговата ширина е 1,78 m, а пак во висината е 1,67 m. Просторот во багажникот изнесува 638 литри, кога двете задни седишта не се во функција.

Новиот модел засега ќе биде достапен со четирите погонски единици кои веќе се користат во стандардната верзија со пет седишта.

fital11

Станува збор за два бензински мотори, 1.4 литарски со 70 kW/95 ks и 0.9 литарски „TwinAir Turbo“ кој развива 77 kW/105 ks. Што се однесува до дизелите во понудата ќе бидат два „MultiJet II“ мотори и тоа 1.3 литарски со 62 kW/85 ks и 1.6 литарски со 77 kW/105 ks.

„FIAT 500L Livinig“ најпрво ќе им биде понуден на купувачите во Италија кои ќе можат да го порачаат веќе во јули 2013-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП