29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFord користи роботи за тестовите на издржливост

Ford користи роботи за тестовите на издржливост

robotic-test-track

„Ford“ ја користи технологијата на автономни роботи за да ја тестира издржливоста на претстојната линија на моделот „Transit“. Со возилата управуваат роботи и благодарејќи на оваа технологија „Ford“ може да направи повеќе тестови на издржливост за пократко време.

Пред тоа компанијата правеше голем број на тестови, но тие не беа безбедни доколку човек го возеше возилото. Оваа најнова технологија е дело на компанијата „Autonomous Solutions“ од Јута. Со помош на неа може да се програмира рутата која возилото ќе ја следи, додека локацијата на возилото се следи преку „GPS“ систем и камери со кои се надгледува се.

И покрај тоа што рутата е претходно одредена, мора да бидат подесени и работата на забрзувањето, управувањето и сопирањето на возилото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП