16 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗГерманците најмногу лажат за потрошувачката на автомобилите

Германците најмногу лажат за потрошувачката на автомобилите

news_43418

Според истражувањето на Меѓународниот комитет за чист транспорт, производителите на автомобили во просек прикажуваат 25 проценти подобри резултати за потрошувачката на гориво, отколку реалните.

Сега разликата меѓу декларираните и реалните резултати се за десет проценти полоши од тоа што беа пред десет години.

Извештајот кој се базира на резултатите од тестирањата на повеќе од пола милион приватни и службени возила, покажа дека возилата на „BMW“ имаат најголема разлика од дури 30 проценти помеѓу декларираните и постигнатите резултати.

Веднаш зад производителот од Минхен се наоѓа уште една баварска компанија, „Audi“ која има разлика од 28 проценти, а пак на третото место се најде „Mercedes“ со 26 проценти.

Најверодостојни податоци за потрошувачката прикажаа јапонските производители, па така возилата на „Toyotа“ отстапуваат само 15 проценти, а за пофалба се и французите затоа што „Renault“, „Peugeot“ и „Citroen“ отстапуваат 16 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП