20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВози „мечка“ со мотор на „рено“

Вози „мечка“ со мотор на „рено“

mecka

„Renault“ постигна договор со „Mercedes“ со кој француската компанија ќе му испорачува на германскиот производител 1.6 литарски dCi мотор од 130 ks.

Изгледа новата „Mercedes A сlasѕ“ и „Citan“ нема да бидат единствените модели на компанијата од Штутгарт кои ќе користат мотор на „Renault“.

Според информациите, следните генерации на „Mercedes“ C сlasѕ“ и моделот „Vito“ во понудата на мотори ќе го имаат и дизел агрегатот кој е производ на „Renault“, а францускиот гигант го користи во моделите „Megan“, „Scenic“ и „Nissan Qashqai“.

Истиот извор наведува дека оваа погонска единица ќе го придвижува и дизел моделот „Mercedes C 200 CDI“. Мотор ќе претрпи одредени модификации за да може да се приспособи под хаубата на новата „C сlasѕ“.

Тековната верзија на погонски единици која „Renault“ ја користи во своите модели ги задоволува „Euro 5“ стандардите и би требало да биде унапредена така да биде компатибилна со „Euro 6“ нормите. Инаку станува збор за мотор кој развива 96kW/130ks при 4.000 o/min, a максималниот вртежен момент од 320 Nm го достигнува на 1.750 o/min.

Се очекува официјалното соопштение за соработката на двата гиганти да биде објавена наскоро.

Инаку „Mercedes“ во своите модели веќе користи дизел мотор на „Renault“ и тоа 1.5 литарскиот во новата „A сlasѕ“ и  во моделот „Citan“, возило кое исто така е развиено во соработка со францускиот производител врз основа на моделот „Kangoo“. Новиот „Mercedes C сlasѕ“ се очекува на пазарот да се најде во 2014-та година, а пак следната генерација на моделот „Vito“ во 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП