25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНаследникот на Gallardo пристигнува во Франкфурт

Наследникот на Gallardo пристигнува во Франкфурт

lamborghini_100324104_m

Како што се наближува септември и саемот за автомобили во Франкфурт се повеќе се шпекулира за наследниот на моделот „Lamborghini Gallardo“ кој според некои инфромации би требало да ја има ознаката „Cabrera“.

Со оглед дека најпродаваниот модел на италијанската компанија неодамна замина во историјата, извесно е дека нема долго да чекаме на модел кој ќе биде замена за „Gallardo“. „Lamborghini Cabrera“ како би требало да гласи новиот модел ќе има лесна конструкција направена од материјали кои содржат јаглеродни влакна и алуминиум.

Се очекува автомобилот кој моментално има интерна фабричка ознака „LP724“ да биде подолг од својот претходник. Тоа значи дека неговата должина би можела да достигне 4.5 метри, додека според истиот извор „Cabrera“ ќе ја задржи истата ширина и висина како и „Gallardo“. Меѓуосовинското растојание ќе биде исто така поголемо што на возачот и совозачот ќе им обезбеди дополнителна удобност во кабината.

lamborghini_sesto_elemento_001

Иако првично се планираше наследникот на „Gallardo“ да биде поставен на платформата на „Aventador“, „Audi“ во чија сопственост е „Lamborghini“, инсиститраше за новиот модел да се употреби истата платформа која ја користи втората генерација на „Audi R8“ која ќе се појави на пазарот во 2015-та година. Благодарејќи на лесните материјали „Lamborghini Cabrera“ би требало да има маса под 1500 kg.

За погонот ќе биде задолжена новата верзија на 5.2 литарскиот V10 мотор кој ќе биде помоќен од актуелниот. Се очекува овој агрегат да располага со околу 600 ks и преку 540 Nm максимален вртежен момент. Иако од компанијата најавија дека ќе се откажат од мануелниот менувач, сепак „Cabrera“ покрај седумбрзинскиот автоматски менувач во понудата ќе има и шестстепен рачен менувач.

Автомобилот стандардно ќе има погон на сите четири тркала, а како опција ќе биде достапна и верзија со погон на задните тркала. Се очекува „Lamborghini Cabrera“ да има премиера во Франкфурт, додека пак овој автомобил во продажба би се нашол во текот на 2014-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП