19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗУнапредена Алфа 4С со 415 ks

Унапредена Алфа 4С со 415 ks

alfac

Додека љубителите на Алфа со подлабок џеб со нетрпение го очекуваат почетокот на продажбата на двоседот 4С, од компанијата „Pogea Racing“ веќе претставија пакет за унапредување на овој автомобил. Фановите на спортското возење особено ќе се израдуваат на значителното зголемување на снагата на моторот.

„Pogea Racing“ обезбеди пакет со аеродинамични додатоци од јаглеродни влакна, а стандардните пневматици ги заменија со нови димензии од 19 или 20 инчи.

На купувачите подоцна ќе им бидат понудени и компоненти за специјално спортско потпирање, како и модификации за внатрешноста на автомобилот.

alfac1

За љубителите на спортското возење најинтересна е снагата на моторот која ќе биде зголемена од стандардните 176 kW/240 ks, на дури 305 kW/415 ks.

Тоа ќе биде постигнато благодарејќи на промената на турбо-полначите, издувниот систем и променливата контрола на вентилите. Покрај тоа „Pogea Racing“ ќе го оптимизира системот за гориво и ладењето на моторот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП